Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе реформите и во соработка со комесарот за проширување Вархелји ќе обезбеди датум за преговори

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Директно на ТВ Тера истакна дека се задоволни од средбата со комесарот за проширување Вархелји потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да испорача реформи.

Многу сме задоволни од средбата очекуваме позитивни инплуси во средниот период. Се работи за еден исклучително посветен комесар кој што од самиот почеток влегува амбициозно во целата оваа работа. Потребни се два патишта паралелно едниот е промена на методологијата за зачленување, втората интензивни реформи. Ако промената на методологијата е работа која што не зависи од Македонија, реформите апсолутно зависат. За жал Заев потфрли овие две години да испорача реформи, вели Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ е спремно да испорача реформи и наша цел е дека мораме силно да се посветиме на реформите. Сметаме дека 2020 може да е успешна година да не е изгубена година, да испорачаме во делот на владеење на правото и борба со корупцијата, тоа е основното што го бара ЕУ а и граѓаните и во соработка со новиот комесар за проширување Вархелји да работиме Македонија да добие датум за преговори и да ги отпочне преговорите и брзо да ги заврши, додаде потпретседателот Николоски.