11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и покрај тоа што изборите нема да бидат фер

Техничката Влада од самиот почеток е дерогирана а со тоа иизборниот процес, па изборите на 12-ти апарил нема да бидат фер, но и при такви услови ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, порача во средата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебата со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекенринска на телевизија Телма.

Николоски ги посочи како примери разрешувањето на техничката министерка за турд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, илјадниците вработувања во јавната администрација пред изборите и односот на Владата на СДСМ кон техничкиот министер за внатрешни рабо Наќе Чулев кому му поништи десетици укази, и рече  дека следуваат избори кои нема да бидат фер и регуларни, но и при такви услови ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ.

-Во однос на кампањата, стартот е многу лош се дерогира моделот на техничка Влада. ВМРО-ДПМНЕ требаше да има два министри во таа Влада, но сега за жал беше разрешена министерката за труд и социјална политика. Тоа не е во духот на договорот затоа што секогаш мнозинството може да менува министри од опозицијата, затоа што опозицијата нема мнозинство и во таа насока можевме истото да го пресликаме во 2016-тата година кога опозицијата тогаш СДСМ, повеќе од една година беше застапена во техничката Влада заради одлагањето на изборите па никој не помисли на таква работа. Така да разрешувањето на министерката е голем удар на кредибилитетот на изборите. Втор удар на кредибилитетот на изборниот процес се илјадниците вработувања кои се случија откако започна со работа техничката Влада и во услови на практично предизборие во тие 100 дена. Трета работа е сосотојбата во кое функционира МВР, вели Николовски.