Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи во Штип

Јасно ми е зошто избега градоначалникот на Штип. Тоа беше најнеспособниот градоначалник, а од друга страна тој и неговото семејство имаат концесии кон одредени луѓе кои треба да ги реализираат и веројатно министерсткото место во транспорт и врски се погодило како такво преку кое тоа може да се реализира. Да ги предупредам дека кривично се одговара за тие интереси да внимаваат за дане случи после да плачат, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на штипската телевизија Стар.

Николоски наведе прецизно што се не направи Благој Бочварски за Штип.

-Избега од Штип зошто не реализираше жичара до Исар, вети најголем аквапарк во Македонија, или две катни гаражи, енергетски ефикасни фасади…И од сето ова нема ништо. Но, јасно е дека треба им враќа на некои луѓе и замина за полесно тоа да го прави од функција на министер, рече Николоски.

Според него победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Штип во декември е сигурна.

-Сигурен сум дека ќе победиме зошто имаме визија. Се формираше универзитет кога беше градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, се изгради автопат до Штип, се донесоа странски инвестиции, се помогна домашно стопанство, се помогна во инфраструктура. Градот беше среден како кутивче и се надевам ќе дадат шанса на ВМРО-ДПМНЕ и сега, а ова ќе биде можност за да победи тука ВМРО-ДПМНЕ и следната година, а да победи и на централно ниво. Победата сега ќе значи победа и следната година. За 10 месеци не се прави магија, но ако некој работи може да го покаже тоа и за овој период, рече Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.