Николоски во посета на Германија, се сретна со претставници на CDU и Фондацијата Конрад Аденауер

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари посeта на Берлин, Германија, при што оствари неколку средби на високо ниво.

Николоски се сретна со Др. Ларс Хансен директор за Европа и Северна Америка на Фондацијата Конрад Аденауер, како и со Франческа Фислаге одговорна за дијалог со партиите и Флоријан Константин Фејрабенд одговорен за Југоисточна Европа во Фондацијата Конрад Аденауер.

На разговорот Николоски ги запозна соговорниците со актуелните случувања во Македонија, новото раководство во ВМРО ДПМНЕ како и новите концепти кои ги промовира, процесот на европска интеграција на Македонија како и состојбата со човековите права и владеењето на правото кои се сериозно загрозени од активностите на Владата на Република Македонија. Соговорниците беа информирани и за злоупотребата на мерката притвор врз повеќе од 30 луѓе, како и политичкиот притисок врз судството и обвинителството. На средбата беше договорена понатамошната соработка помеѓу Фондацијата и ВМРО ДПМНЕ. Конрад Аденауер како фондација блиска на партијата Христијанско-деморкатската унија (CDU) на канделарката Ангела Меркел е стабилен партнер на ВМРО ДПМНЕ и се очекува интензивирање на соработката во следниот период.

Николоски оствари средба и со Ханс- Јоаким Фаленски висок советник за надворешна политика на владејачката партија ЦДУ на Канцеларот Меркел. На истата беше потврдено партнерството помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ЦДУ како сестрински центар десни партии, а од страна на Николоски беше искажана силна поддршка за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Исто така Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ информираше за политиките и концептите на ВМРО ДПМНЕ, а изрази и загриженост од спората реализација на реформските процеси од страна на Владата. Беше информирано и за злоупотребата на мерката притвор, како и политичкиот притисок врз судството и обвинителството.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ оствари средби и со високи претставници на Кабинетот на Канцеларот Меркел одговорни за надворешна и безбедносна политика, како и со високи претставници на Министерството за надворешни работи на Германија одговорни за Западен Балкан. На истите Николоски ги запозна за политиките и концептите на ВМРО ДПМНЕ и изрази силна посветеност на уште посилно зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Македонија и Германија. Имајќи предвид дека опозицијата мора да е дел од клучните процеси за реформи и интеграција во ЕУ и НАТО, како и улогата која ВМРО ДПМНЕ ја игра како најголема партија во Македонија беше заклучено да се интензивира соработката.

И на овие состаноци Николоски изрази загриженост за актуелните случувања во Македонија во делот на реформите и владеењето на правото, состојбата со човековите права, како и политичкиот притисок од страна на Владата кон судството и обвинителството. Николоски изрази подготвеност ВМРО ДПМНЕ да помогне со сите свои капацитети во процесите кои значат побрзи реформи и членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.