10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Николоски: Во СДСМ има мастер план за затварање на ВМРО-ДПМНЕ

Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „10 миниути„ зборуваше за законот за СЈО при што кажа дека тоа е закон за којшто треба компромис затоа што се гласа со двотретинско мнозинство во Собранието и веројатно треба да се прифатат и барањата на другата страна.

Власта го замислува компромисот да ВМРО-ДПМНЕ прифати се и доброволно потпишеме да ВМРО-ДПМНЕ се забрани како политичка партија, затоа што начинот на којшто е формулиран предлогот сега значи затварање на ВМРО-ДПМНЕ како политика партија и ние нема да се согласиме со тоа, истакна Николоски.

Имено тој рече дека единственото обвинение кое е поднесено после рокот е обвинението против ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект што значи дека институцијата којашто треба да гони злоупотреби, самата злоупотребува затоа што СДСМ има направено класична злоупотреба на службена положба и овластување, со тоашто направиле дејствие спротивно на законот после рокот којшто законот им го утврдил и затоа треба да си одговарат.

Николоски посочи дека сега власта бара ВМРО-ДПМНЕ да го легализира и дополнително да го поддржи тоа специјално јавно обвинителство и ВМРО-ДПМНЕ да се затвори како акт на политички притисок.

Јас уште минатата година во септември спомнав дека во СДСМ има мастер план за затварање на ВМРО-ДПМНЕ и секако дека ние тоа нема да го дозволиме, додаде Николоски.