Николоски: За година ипол во Македонија има повеќе жртви од Втората светска војна и скопскиот земјотрес заедно

Во Република Македонија за година и пол има повеќе жртви отколку во Втората светска војна и скопскиот земјотрес, заедно, поради неспособноста на власта да ја менаџира ковид кризата, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

-Денеска еден врвен професор по медицина ми кажа еден фрапантен податок дека вкупниот број на жртви во Македонија за време на Втората светска војна и скопскиот земјотрес, заедно, е помал од бројот на ковид жртви поради неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справат со ситуацијата и да го заштитат здравјето на граѓаните, истакна Николоски.