Николоски: Заев и Димитров согласни за бришење на македонскиот јазик

Во вчерашното гостување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, а во врска со договорот за добрососедство со Бугарија и барањата на Бугарија произлегува дека тие инсистираат Европската унија да ја спроведе „јазичната клаузула“ по која во сите документи на Европската унија не смее да се интерпретира признавање на постоењето на македонскиот јазик, по што како што вели Димитров и Заев испорачале повеќе отколку што презентирале.

-Најбитното од сево ова е спроведувањето на таканаречената „јазична клаузула“ која што била како што велат тие договорена помеѓу Софија и Скопје, оттука лингвистичката норма која се зборува од народот на Република Македонија треба да биде наречена само како „официјален јазик на Република Северна Македонија“ во сите документи на Европската унија, ниу еден документ не смее да се интерпретира како признавање на постоењето на таканаречен македонски јазик, прочита Николоски од документот кон Бугарија го има доставено до Европската унија.

Тој посочи дека Заев и Димитров испорачале и повеќе од што презентирале во договор со Бугарија како што е наведено во документот се согласиле на бришење на македонскиот јазик од сите документи на Европската унија.

-Бугарија вели вака: Имајќи ја во предвид комуникацијата на Европската комисија за поддршка на процесот на приклучување, кредибилна европска перспектива за Западниот Балкан од 5 фебруари 2020 година, исто така имајќи го во предвид Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Бугарија и Македонија, во понатамошниот текст „Договорот“ и неговата важност за поплочувањето на патот кон европските и евроатланските интеграции на Македонија, потсетувајќи дека спроведувањето на Договорот е во голема мерка блокиран од ноември 2019 година, а тогаш се блокираше затоа што бараа Гоце Делчев да се именува како бугарин, нешто што вчера го направи Денко Малески. Поради едностраната одлука на Македонија е суспедирана на одредено време во своето учество во работата на повеќедисциплинарната експертска комисија итн. – посочи Александар Николоски.

Николоски заклучи дека тие со документот истистираат да не се исклучи она што го бараат, а бараат имплементација на Договорот за добрососедство и уставните амандмани од Преспанскиот договор да се имплементираат целосно, значи сега Бугарија се залага и за Договорот од Преспа да се имплементира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.