Николоски: Заев намерно се глупира со изјави за „деливери казина“ за да не се зборува за криминалот

Со силната пропагандна машинерија што ја прави власта ги тераат луѓето да заборават. Видовме како прв човек на ФЗО си става пари во торба и не одговара, си го штити власта. Пратеникот Зеќири даде оставка за да биде директор на ФЗО и јавноста заслужува одговор зошто е предложен друг, бидејќи министерството за здравство и ФЗО се двата столба кои или ќе ја решат кризата или ќе завиваат семејства во црно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.

Николоски посочи дека Заев намерно како да смислува што да каже ново пред секој настап, и тоа како што вели најчесто е некоја „зелена“. Заев воопшто не е доследен и тоа е страшно кога станува збор за сериозни теми.

– Заев зборува за се и се е различно, нема доследност. Го гледам на една национална телевизија. И вчера кажа дека имало диливери казина. Заев намерно се глупира со изјави за деливери казина за да не се зборува за криминалот и две илјади мртви од корона, рече Николоски.