Николоски: Заев се обидува да ги одложи изборите со Законот за ЈО

48

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, смета дека денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека доколку не се изгласа Законот за ЈО, ќе се одложи распишувањето на изборите е всушност обид за одложување на изборите.

„Денешната изјава на Заев со повторен обид за одлагање на изборите е уште еден доказ дека знае дека народот не го сака и ќе биде убедливо поразен!
Кога Заев виде дека не може да му помине закон за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност сега се обидува да одложи избори. Со една реченица власта на Заев му треба за да избегне одговорност за криминалот и корупцијата.
Фактите говорат дека цело време бега од избори, прво беше протоколот за членство во НАТО, па некаква група закони која 3 години не ја донесе и баш сега му текна да ги носи, па го оспоруваше изборот на Министер во МВР, сега ова со Законот за ЈО со кој бара да се направи модел во кој тој ќе биде амнестиран од одговорност за криминал.
И да помине ова ќе измисли нешто друго. Едноставно е Заев бега од избори зашто знае дека ќе биде поразен, а потоа следува одговорност и за предавствата и за криминалот
За ова денес ќе ги информирам челниците на ЕУ и Европската Народна Партија во Брисел. Мора да се почитуваат договорите. Тоа е демократија, се друго е диктатура. Избори на 12ти април мора да има и ќе има!“, напиша Николоски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.