Николоски: Законот за субвенционирање на плати кое го вети Заев за од октомври не е поднесен во Собранието, нема да има субвенции во октомври

Има две причини зошто Македонија се соочува со ова, едната е секако светската епидемија на корона вирусот, но вториот е исклучително лошиот менаџмент на владата и тука има две одговорни лица со име и презиме, тоа е Зоран Заев и Венко Филипче. Ако Филипче не убедуваше дека ќе има вкупно 2.000 заболени во Македонија, ние гледаме дека само за една недела има повеќе од 2.000 заболени. Ова е една тотална стихија, не знаат што прават, не знаат каде ја водат работата, ниту во здравствениот дел, ниту во економскиот дел. ВМРО-ДПМНЕ е секако тука да ги поддржи сите оние мерки кои ќе водат кон запирање на економската катастрофа која што надвиснува над Македонија и намалување на бројот на заразени и за жал починати лица, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Александар Николоски во денешното вклучување во дневникот на ТВ Сител.

Николоски, посочи дека и покрај најавите за субвенционирање на платите за месец октомври, ноември и декември за поддршка на стопанството, законот се уште не е пристигнат во македонското собрание, додавајќи дека се најавува истиот да пристигне до понеделник или вторник, но како што рече собранието да е нотаријат, а не собрание, не може за пет дена да ја заврши работата. Според Николоски ова е еден несериозен однос од страна на Зоран Заев и од страна на останатите одговорни.

-Но, само еден пример Зоран Заев пред само еден месец најави дека ќе има пакет за поддршка на македонското стопанство од кои што клучно е субвенционирање на платите за месеците октомври, ноември и декември. Она што можам да го кажам како пратеник во македонското собрание е за тој закон профункционира мора да биде усвоен до први ноември, затоа што плата за претходниот месец се дава во следниот месец. Законот се уште не е стигнат во македонското собрание, има некои најави дека ќе стигне во понеделник или во вторник. Собранието да е нотаријат, а не собрание, не може за пет дена да ја заврши работата. Ова е еден несериозен однос од страна на Зоран Заев и од страна на останатите одговорни. Значи најавуваат закон, тој закон не го доставуваат до собранието, на крај го доставуваат до 5 до 12 и очекуваат мерките да се реализираат, што директно ги доведува во опасност стопанството во Македонија, десетици илјади работни места. Да не зборувам за здравствениот дел каде што има комплетен колапс и комплетна стихија во менаџирањето на истите, изјави Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.