
Вечерва ги повикуваме сите на протесот кој е под мотото „Сега за да не е предоцна“ за да ставиме крај на националните понижувања и распродажба на се она што е клучно за македонскиот народ. Токму затоа треба и ги повикувам да ни се приклучат сите за да го изрзаиме незадоволството од ставовитте на Зоран Заев, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вклучувањето во центарлните вести на телевизија Канал 5.
Потпретседателот Николоски укажа дека кога ќе се понижите себе и народот кој го претставувате како што го направи Зоран заев, никој не може да ве почитува.
-Ова сега што се случува е тоа што Зора Заев го ветувал на Бугароја. Бугарија го бара ветеното од Заев. Заев е веќе минато. Прашање е на време кога тој ќе се официјализира, рече Николоски на гостувањето на централните вести на Канал 5.
Николоски укажа дека ветувањата на Заев не смеат да го повлечат и македонскиот народ.
-Тој е веќе минато, но многу е важно да не го повелече македоснкиот народ. Грижејќи се за своите бизниси во земјава како и во Бугарија тој гледаме денес сите што ветувал, само да не го повлече народот, рече потпретседателот Николоски.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.