Николов: Ако е нормално технички премиер да седи во изолација и да вика одете гласајте на избори, тогаш СДСМ може да тера било какви избори

Техничкиот премиер по втор пат е во излоација и вели дека се е нормално, дека ситуацијата и покрај короната и овие високи бројки на новозаразени во едно деноноќие неделава е нормална. Ако сте на таа функција и ако е нормално да седите дома и да викате јас сум во изолација, а вие одете гласајте за мене тогаш според влаедачката СДСМ може да се тераат било какви избори. Ако ова е нормално и по нивното „ново нормално“ може да се тераат било какви избори и тогаш може ќе речат и нема потреба и од гласање, рече доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

– Кој ќе оди да гласа ако носителот на листа на кандидати за пратеници е позитивен и седи дома. Тоа дополнително го иритира и здравствениот персонал. Тоа значи дека ако лекарите прегледаат еден позитивен треба да одат 14 дена во изолација, посочи Николов.

Според него објективно е да се очекува дека ако растат бројките на новозаболени, Комисијата за заразни болести не можат да потпишат, дадат предлог дека треба да има масовно собирање во форма на избори дури и по протоколите за заштита од вирусот.

-Во однос на изборите многу е важно да се заштити популацијата, мора да има заштитни мерки за било кои избори. И датумот многу ќе зависи од прогресија на бројките на заболени. Замилсете бројката на заболени и починати да расте како што е слулај деновиве и да имаме избори ако починуваат 20 лица. Не знам кој би ги држел тие некрофилски избори. Најважно е да се смири епидемијата и да се направи проценка на ситуацијата. Јас како доктор сум скептичен дека на 5 јули е возможно да има избори по ова што се случува деновиве. Гледате има 60, па 90 и сега и повеќе од 100 заболени на ден, а може да има и повеќе. Ако продолжи така тежината за таа одлука треба да ја носат политичарите во Владата, рече Николов.

Докторот посочи дека ако се оди на избори може да зајакне вториов бран.

-Треба добра анализа и добра проценка. Реалноста дека овој бран од неделава ќе падне одеднаш е еднаква на нула, рече Николов.