Николов до Заев и Филипче: Покажете малку срам и одговорност! Одете си!

Поднесете си оставки, одете си! Директно одговорен е Зоран Заев. Тој пред 3 недели организираше партиски избори каде околу 60000 луѓе кои што излегоа на гласање, со тоа го зголеми ризикот за ширење на вирусот. Планираше да организира пандемиски попис, пишува Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

-Венко Филипче за цело време му аминуваше заедно со комисијата за заразни болести и директорите кои непрофесионално и по секоја цена за да ги зачуваат фотељите ги одобруваа будалаштините на Зоран Заев.
Покажете малку срам и одговорност! Одете си!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.