Николов и Перински во Стокхолм на покана на Шведската сестринска партија

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов и шефот на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Златко Перински, на покана на Шведската сестринска партија која воедно е и членка на Европската Народна Партија, „Модерати“ и фондацијата „Јарл Хјалмарсон“ се во неколкудневна посета на Стокхолм.

-Поводот на престојот е мониторирање на процесот на изборите за Европскиот парламент како и состаноци и средби за јакнење на меѓусебната соработка меѓу двете сестрински партии.  Се оствари средба со Питер Егорт кој е претседател на „Јарл Хјалмарсон“ фондацијата која развива проект за општествено интегрирање и поддршка на десничарските политики. Воедно се оствари и средба со европратеникот Гјунар Хукман каде се зборуваше за искуството на Шведска од Европската Унија, придонесот на Шведската партија „Модерати“, како и потребата за интегрирање на Европските вредности и градење на заедничко општество базирано на истите принципи, информираат од партијата, информираат од партијата.

Делегацијата учествуваше и на сесијата организирана на тема предизвиците кои престојат на Европската Унија каде се говореше и за иднината на Европската Унија, потребата за градење на консензус за европската иднина на регионот, како и позицијата на државите аспиранти визави Европските актуелни прашања.