Николов: Здравјето на граѓаните е приоритет, а не функциите и политиката

И додека од земјите од соседството и регионот воопшто, слушаме вести како нема заболени подолг период или има само по некој случај, во Македонија состојбата е поинаква. Власта кај нас само убедува дека ситуацијата е под контрола, а за каква контрола зборуваат си знае само „доктор“ Зоран Заев, истакнува Игор Николов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите говорат нешто сосема друго, но зошто тој би се занимавале со факти. Еве ги фактите. Во Македонија се уште бројката на ново заболени се движи од 5 до 10 проценти од вкупно тестираните. Колку и да е мала бројката на тестови во едно деноноќие, а  половина од истата отпаѓа на вработените во градинките во државава, процентот се движи помеѓу 5 и 10 проценти ново заболени. Од темелен скрининг на населението, на ризични групи како медицински лица, возрасни и слично нема ни трага. Најтрагично е кога слушате дека некој ни вели дека ситуацијата е под контрола, а слушаме дека има ново починати лица. И тоа не повремено, туку секој ден со одредена динамика има починати лица. И се додека на некој поважна му е политичката функција од здравјето на народот резултати нема да има, истакна тој.

Николов посочи дека потребен е темелен, навремен и прецизен скрининг.

-Потребно е драстично да се намали број на ново заболени и да се детектираат класерите. Потребно е здравјето на граѓаните да биде приоритет, а не функциите и политиката, вели тој.