Николова Буџаку: Кирацовски си ги вработи сите швалерки од по селата, го избрка од работа нашиот другар кој работеше во партијата

Ние имавме другар кој што внатре работеше постојано 24 часа за партијата, беше избркан од Кирацовски затоа што го обвинувавме дека сите швалерки си ги донесоа и си ги вработија од селата од Прилеп од Битола, изјави шарената револуционерка и активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку во „Што не е јасно“ на Алфа.
„Се чувствуваме многу бедно, не јас како личност како Мери Николова, туку оние луѓе кои сме опколени со нив, со интелектуалци кои се останати на улица и со месеци плата немаат земено, плаќаме криија, се молиме на државата да ни дадат социјални станови, за двајца интелектуалци без работа“ вели Николова Буџаку. Таа истакна дека додека Заев се вози со мотори и има полиња со марихуана која не е мала работа и се многу пари, вистински интелетуалци се на улица и се без работа и сопствен дом.
„Бараме да се сместат двајца интелекталци, да се вработат. Нека купи Заев по еден стан навистина ако е толкав лидер и хуманитарец, или нека дозволи државата да даде отчет на кого се делат социјални станоови“ нагласи Николова Буџаку.

 

Мери Буџаку: Заев ми нудеше пари, одете во партијата земете колку сакате Некогашната шарена револуционерка и гласна активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку, во „Што не е јасно“ на Алфа изјави дека Заев и нудел пари, велејќи да оди во партијата СДСМ и да земе колку сака. „Заев кажа, се што ви треба одете земете пари во партијата. Јас реков дека додека сум здрава и права никогаш нема од партијта да земам пари, ќе работам и тоа што ќе го сработам ќе знам дека е мое.“ вели Николова Буџаку. Таа истакна исто така дека нејзи и биле нудени фунции, како директор на затвор, но не прифатила. „Ние имавме средба, после 8 месеци, разговаравме и после две недели го смени својот став, во меѓувреме, јас му кажав: очекував дека ќе бидете човек и ќе ги повикате правите борци, не само оние кои што знаат да се додворуваат, а ние додека се боревме тие правеле листа кој на која функција треба да седне. Нашиот разговор беше само еднаш, после победата, сите наши договарања биле преку вибер.“ истакна Николова Буџаку

Chat Conversation End