Николовска: Нема факти за кривично гонење на Мицкоски

Адвокатката Ружица Николовска е изненадена од дел фелата, кои му префрлаат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека може да одговара за кривично дело по неговата изјава дека свиркачи му ги доставиле исказите дадени во истрагата за случајот „Рекет“. Според Николовска, освен обвинувања, нема факти и докази за наводно дело.

„Изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во врска со случајот ,,Рекет,, за која некои милуваат да речат дека ,,мавтал“ со одредени документи и тоа претставувало повреда на тајноста на постапката, еве како адвокат едно укажување:
Прво, со т.н. ,,мавтање,, не видовме конкретен документ или доверлив материјал, а Второ очигледно е дека ваквата изјава на Мицкоски предизвика голема паника и нервоза кај власта, што докажува дека сепак во случајот Рекет не се учесници само сега тројцата осомничени… туку очигледно засегнати се повеќе чинители, кои веројатно се препознаа во криминалот.
Изненадува дел од фелата, кои се истрчаа веднаш да му префрлат на Мицкоски дека може да одговара за кривично дело, а притоа без ниту еден конкретен факт или доказ за наводното дело.
Кога сме веќе кај кривичното дело ,,Повреда на тајноста на постапката,, по член 369 од Кривичниот законик, упатувам, (особено за професионалците) да го прочитаат овој член. Имено, за да стане збор за одговорност за вакво кривично дело, значи дека треба да се однесува на лице/лица кои се учесници во одредена постапка и неовластено би го откриле тоа што го дознале во таа постапка !
Повеќе од јасно е дека лидерот на опозицијата не е учесник во постапката за случајот Рекет, па ширењето на невистини дека тој може да одговара за ова дело, се само неуспешни обиди да се дефокусира јавноста од вистинските сторители на криминал.
И сега кога ќе заврши сето ова, ајде да се фокусираме на суштината, а тоа е што има во документите, дејствијата и незаконитостите од кои многу луѓе од власта се исплашени“, напиша на Фејбук Николовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.