Николовски на средба со Паун од ИРИ: Државата чекори сигурно кон ЕУ и НАТО

23
Генералниот секрeтар на СДСМ, Љупчо Николовски и директорот на Центарот за анализи и истражување на СДСМ, Мартин Попов, денеска се сретна со Овен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија, известуваат од СДСМ.
На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација, спроведувањето на реформскиот процес, како и процесот на евроинтеграцијата на државата и нејзиното приближување кон НАТО и ЕУ.
Генералниот секретар Николовски истакнува дека со спроведените реформи, напредокот на државата е очигледен, а најголем доказ за тоа е фактот што по години изолација и неизвесност, денес државата чекори сигурно кон интеграција во најмоќните светски сојузи, ЕУ и НАТО.
Но процесот на реформи, посочи Николовски, мора да продолжи во интерес на граѓаните и државата. Затоа е важно Собранието да го донесе Законот за јавно обвинителство кој е важен за фунцкионирањето на правната држава и правосудниот систем и значаен за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
Николовски се заблагодари за досегашната поддршка на Меѓународниот републикански институт во делот на развој на Партиско истражувачките аналитички центри и партиските комисиии, при што заемно беше договорено соработката дополнително да се интензивира во повеќе области.
На средбата, Николовски го презентираше и новиот начин на работа на СДСМ кој е во интерес на граѓаните, го забрзува напредокот и креира мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.