Николовски: Очекуваме минимум 20 отсто поголема откупна цена на тутунот

Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20 отсто зголемување на откупната цена, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Преку својот фејсбук профил, Николовски информира дека одржал состанок со откупувачите на тутун.

-Пред почеток на откупната сезона одржавме состанок со откупувачите на тутун. Ме информираа дека се подготвени за навремено да почне откупот, со обезбедени средства и подготвени откупни места. Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20 отсто зголемување на откупната цена, наведува министерот.