Николовски освежен по Дубаи порача: Сè е подготвено за првите внатрепартиски избори

Освежен и одморен од патувањето во Дубаи, вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски им се врати на работните обврски. Тој се огласи на социјалните мрежи дека денес остварил работен состанок со партиската Централната изборна комисија.

-Се е подготвено за првите директни внатрепартиски избори коишто на 21 март ги организира токму СДСМ. Во 80 општини ширум земјава, во секоја Општинска организација на СДСМ, в недела ќе бидат отворени гласачките места, напиша Николовски на фејсбук.