Николовски: Пет милиони евра на располагање за земјоделците преку евтини и повилни кредити

Третиот пакет економски мерки усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ дава голема поддршка на македонското земјоделство. Веќе 5 милиони евра нови средства се на располагање на сите наши земјоделци како евтини и повилни кредити преку Развојната банка, вели генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски.

Николовски во објавата за јавноста тврди дека владата ја зголемила поддршката и за субвенционирање на трошоци за ткн „зелена“ нафта за механизација, односно ако минатата година ги покривала трошоците до 30 отсто, оваа година таа поддршка е зголемена до 50 отсто.

„Тоа се 5 милиони евра за 50.000 земјоделци преку оваа мерка“, рече Николовски.

Додава и дека се обебзедни 50 милиони евра преку кредит на Светска банка за модернизација на македонското земјоделство, односно 50 милиони евра за модернизација на постојни и изградба на нови модерни откупно-дистрибутивни центри во повеќе региони во државата, кадешто е најголемо замјоделското производство.

„Го ставаме во функција целокупното обработиливо земјоделско земјиште и тоа преку окрупнување, но и преку можност за продажба. Тоа значи сигурност за земјоделците и агро-бизнисмените и нови инвестиции во земјоделството. 500.000 хектари пасишта ги ставаме во функција на сточарството, преку можност за склучување на договори за долгорочен закуп на пасиштата“, рече генералниот секретар на СДСМ.

Се пофали и со нова мерка за поддршка и развој на малите семејни фарми и на малите винарии, преку грантови од 10.000 евра.sdsm,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.