Николовски проговори за криминалот на Арафат Муареми

640

Со ова колумна сакам само да ја потсетам македонската јавност, а е пишувано во мојата книга Трулежот на системот објавена во 2020 година, која и ден денес е актуелна. И сакам да ја повторам.

Пишувам: Од што прво да почнам. Не можат да се пратат и евидентираат секојдневните скандали, корупции. Не сум изненаден од збиднувањата кои се случуваат во нашава држава. Криминал до кримибнал. Еколошки, образовен, економски, правосуден… Не сум изненаден од аболицираниот премиер Зоран Заев кој вели:„ Правосудството мора да се прочисти од нечесни судии и обвинители“.

Така е, ама прво од кај Вас,односно Вашите министри. Како и колку ваши министри и заменици министри, директори на јавни институции, разни комисии земале бонуси, согласно „Правилник“ додатоци на парични средства, како што се министрите за образование и наука, заменик министерот за внатрешни работи, директори и слично. Значи имаме образовен криминал тоа луѓе блиски до Вас и „вториот премиер“ Али Ахмети.

Натаму, оние твоите блиски во кои се колнеше и колнеш дека тоа не е ништо-нормално што земале дополнителни средства-бонуси за ризик во работата. Да бидам појасен за оние кои значеа поим за правда во државата (СЈО) до резил на државата. Примани надоместоци, бонуси на плата за секој обвинител, соработници, пари за синови и ќерки на судии, обвинители, директори, високи лица на МВР кои земале „скромни“ парични средства во евра.

Ај да не заборавам. Да го потсетам аболицираниот Зоќи (нека ми прости Русјаков) бонуси-надоместоци добивал и братучедот на министерката за правда Рената Дескоска „скромни“ 60 илјади евра. Сите работеле во ризик. Добро. Ние инспекторите: проветни, трудови, градежни, здравствени не работиме во ризик.

Ќе речете ДА. Ама ако побараш надоместок-бонус ти следи дисциплинска или отпуштање од работа. Затоа Зоќи „ај неправи глупости за 500 денари!? (вицот на дресираниот папагал). Бараш да се ангажира ДКСК, да, но од таму ќе испратат допис до Управата за финансиска полиција, да ги испратат и испитаат надоместоците. И што ќе видат. На списокот кој земал „скромни надоместоци“ од Специјалното јавно обвинителство е и директорот на Финансиската полиција АРАФАТ МУАРЕМИ, кој за две години добил 26 000 илјади евра. По 20 000 илјади евра ќерката на директорот на затвотот на Шутка, па ќерката на директорот на МЕПСО, па на директорот на катастар, паќерката на обвинителката на СЈО… Вака во Европа….море криминалци не може…

Дали директоре на Финансиската полиција АРАФАТ МУАРЕМИ, кој за две години сте добиле 26. 000 илјади евра, ги вративте парите!? Ако не сте ги вратиле, а не сте ги вратиле, каде е вашата одговорност, моралност. Вие и слични како вас немате. Па вака во Европа не може. Каде се моралните вредности. Во правна држава си поднесуваат неотповиклуви оставки. Дали имате совесност и одговорност. НЕ. Ова е трулеж на системот.

Пишува: Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.