Николовски: Создаваме услови од истокот да се извезуваат македонски производи, а младите да се враќаат

Создаваме услови за враќање на младите на истокот, а од тука да ги извезуваме македонските производи, истакна носителот на кандидатската листа на коалцијата Можеме во изборната единица 3, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата Утрински брифинг.

Затоа во источниот регион на земјата нема регионален пат што не е обновен во овие 2,5 години од нашиот мандат, после 38 години, целоосно е рехабилитиран патот од 20 километри до село Луке, по 60 години е направен патот до Огут, Нерав најоддалечените села, на 40 километри од Крива Паланка, градиме водоводи и канализации, нагласи Николовски.

Тој истакна дека правата на работникот се светост и затоа недела ќе биде неработен ден за сите, а мизерната и срамна плата од 9.000 денари ја покаќивме на 14.500, а до крајот на мандатот ќе биде до 20.000 денаро, односно за 120% повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Не сме направиле се затоа велиме дека можеме и повеќе, затоа го бараме мандатот да ги спроведуваме овие мерки и да продолжи овој развој, нагласи Николовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.