Николовски за наесен најави масовни демонстрации

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, се обрати по презентацијата на владината програма од страна на мандатарот Зоран Заев. Тој ја критикуваше работата на претходната влада, која е иста и во новиот состав, па затоа најави нејзино рушење преку масовни демонстрации. Тој ги повика граѓаните на улица.

-Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат, рече Николовски.

Пратеникот Костадин Костадинов, пак му возврати дека протести најавувавле уште лани, но ништо не излегло, поради што му порача дека уште долго ќе си седат во опозиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.