Никс ставија крај на низата од 18 домашни порази

Кошаркарите на Њујорк Никс изминатата ноќ ја впишаа првата победа на домашен терен по 18-те порази откако со 130:118 го совладаа Сант Антониот Спарс, а Денвер Нагетс со 123:96 беа подобри од Лос Анџелес Клипер.

Во редовите на Њујорк, кој немаше победа во „Медисон Сквер Гарден“ од 1-ви декември, најдобар беше Демиен Дотсон со 27 коша, а Кевин Нокс додаде 19 поени и 10 скокови. Демар Дерозен со 32 коша, пак, беше најдобар поединец кај Спарс, на кои ова им е шести пораз во последните седум дуели и се на седмотот место во Западната конференција.

Денвер Нагетс беа убедливи со 123:96 против ЛА Клиперс, а до победата ги водеа Никола Јокиќ со 22 поени и Пол Милсап со 21 кош и 16 скокови. Најдобар стрелец кај Клиперс бепа Лоу Вилијамс кој мечот го заврпши со 24 коша. Со 41 победа и 18 порази, Денвер се на второто место во Западната конференција, зад водечките Голден Стејтс Вориорс.

Во последниот натпревар одигран изминатата ноќ, Орландо Меџик на домашен паркет со 113:98 ги победија Торонто Рапторс. Никола Вучевиќ со 23 коша и 12 скокови беше најдобар кај Меџикс, а Теренс Роуз кај Рапторс со 28 поени.

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Торонто 44-17
2. Филаделфија 38-22
3. Бостон 37-23
4. Бруклин 31-30
5. Њујорк 12-48

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 45-14
2. Индијана 40-20
3. Детроит 28-30
4. Чикаго 16-44
5. Кливленд 14-46

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Шарлот 28-31
2. Орландо 28-33
3. Мајами 26-32
4. Вашингтон 24-36
5. Атланта 20-40

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 41-18
2. Оклахома Сити 38-21
3. Портланд 36-23
4. Јута 33-26
5. Минесота 28-31

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Голден Стејт 42-17
2. Лос Анџелес Клиперс 33-28
3. Сакраменто 31 28
4. ЛА Лејкерс 29-30
5. Феникс 11-50

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 34-25
2. Сан Антонио 33-28
3. Њу Орлеанс 27-34
4. Далас 26-33
5. Мемфис 23-38