Ним го совлада Марсеј

Во последниот меч од второто коло на француското фудбалско првенство Ним го победи Олимпик Марсеј со 3:1, остварувајќи ја и втората победа сезонава.

Головите за Ним ги постигнаа Дени Буанга во 34, Садиа Тиуб во 62 и Рено Рипар во 87 минута, додека за Марсеј стрелец беше во 49 минута Флориан Товен.

Победа во неделата оствари и Тулуз кој со 2:1 беше подобар од Бордо. Стрелци за домашните беа Исека во 44 и Досеви во 67 минута, додека за гостите Камано во 50 минута.

Стразбур и Сен Етјен ремизираа 1:1, со головите на Гонсалвес во 55 и Гуеје во 88 минута.

Во саботата беа постигнати следните резултати: Гинган – ПСЖ 1:3, Амиен – Монпелје 1:2, Дижон – Нант 2:0, Каен – Ница 1:1, Монако – Лил 0:0 и Рен – Анжер 1:0, а во петокот Ремс – Лион 1:0.

Водечкиот ПСЖ, со гол-разлика 6:1, има шест бодови од две кола, како и второпласираниот Дижон и третопласираниот Ним и четвртопласираниот Ремс.