Специјалниот претставник на Обединетите нации и медијатор за разликата за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц до крајот на работнава недела доаѓа во Скопје, дознава јавниот сервис од извори во Вашингтон.
Нимиц пред неколку седмици, во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата влада.