Нина Ангеловска на своја фирма исплатила државна помош за плати

312

Министерката на Зоран Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија, обвинија на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај. Фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии, Нина Ангеловска во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма „ВебСпот“, фирма регистрирана за интернет трговија, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Тој покажа документи од Владата на Република Македонија, како што кажа, на тие што доделиле помош, а фирмата „ВебСпот“ помош добила на 8.јули на 12.јуни и на 19.мај годинава.

-Постојат сериозни сомневања дека Нина Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата, рече Стоилковски откривајќи дека на 8 јули годинава Ангеловска земала 210.909 денари, на 12 јуни земала 224.750 денари државна помош и на 19 мај 224.750 денари од помош од антикризните мерки за време на епидемијата со ковид, или вкупно, 600 илјади денари.

Оо ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа државната антикорупција да отвори предмет по овој случај. Стоилковски порача антикорупционерите да покажат храброст без разлика дали постои или не притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има!, рече тој.

Стоилковски додаде дека ова е втора злоупотреба на позицијата во низа на Нина Ангеловска откако јавноста дозна дека навреме ги извадила нејзините 250 илјади евра од пропаднатата Еуростандард банка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.