„Нисан Навара“ со италијански регистарски таблички удри во 7 годишно дете

На 18.05.2019 година во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.