Ништо од најавената масовност на „Маршот за правда“ – Се чекаа 30.000, дојдоа 2.000

Вечерва на маршот на СДСМ под мотото „Чекориме за правда“, за независна и професионална судска власт, има мал број на поддржувачи, наспроти најавите за масовноста и очекувањата од партијата.

Според некои првични информации, на маршот присуствуваат околу 2.000 граѓани, додека полицијата се подготвувала за собир на најмалку 6.000 лица.

Маршот околу 18 часот почна пред Собранието, а ќе заврши пред комплексот судови во Скопје, каде што ќе се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.