Ништо од трансферот на Роналдо во Спортинг

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ова лето нема да се врати во Спортинг, изјави неговиот агент Хорхе Мендез откако мајката на напаѓачот на Јувентус, Долорес Авеиро изјави дека фудбалерот следанта сезона ќе игра на стадионот „Жозе Алваладе“.

„Кристијано е горд на Спортинг кој го освои првенството, што и јавно го покажа. Но во овој момент неговите плановви не се поврзани со Португалија“, изјави Мендез за португалскиот весник Record.

Претходно седмицава мајката на Роналдо изјави дека ќе го наговори синот да се врати во Спортинг за кој настапуваше до 2003 година кога за 19 милиони евра мина во Манчестер Јунајтед.

„Ќе разговарам со него и ќе го убедема да се врати во Спортинг, следната година ќе игра на стадионот Алваладе“, изјави Долорес Авеиро за португалската телевизија.

Роналдо има уште една година договор со Јувентус, а се нагаѓа дека може да ги напушти тимот од Торино доколку „Старата дама“ не избори настап во Лигата на шампионите.

Јувентус моментално е на петтото место со 72 бодови, бнод помалку од четвртопласираниот Наполи. Милан и Аталанта имаат по 75 бодови, а на врвот е новиот шампион Интер со 88 бодови.

Токму против Интер подоцна во саботата Јувентус ќе игра во Торино.

Роналдо оваа сезона во дресот на Јувентус заигра 32 пати, постигна 28 погоодоци и впиша две асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.