Ниската политичка свест на СДСМ на дело, демолиран камион поради плакат на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Шофершајбна на камион е целосно уништена и искршена во беровското село Русиново поради залепен плакат на ВМРО-ДПМНЕ. Инцидентот го осуди кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Берово.

Инцидентот најостро го осуди кандидатот за градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ Никола Атанасов, кој вели дека овој вандалски чин направен е од штабот на противкандидатот Звонко Пекевски.

-Предизвикувањето на огромна материјална штета на сопственост на физичко лице само заради тоа што има поставено промотивни материјали ја покажува ниската политичка свест на оваа гарнитура. Сакам да потсетам дека пред започнувањето на кампањата двајцата потпишавме Кодекс за фер и демократски избори со кој се обврзавме да водиме мирна кампања како што ни доликува. Нервозата во штабот на мојот противкандидат го покажува и девијантното однесување на активистите на СДС, кои за време на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Берово од еден од локалите на плоштадот недолично довикуваа па дури го навредуваа Владо Јаневски, легендата на македонската забавна музика. Ги повикувам надлежните органи да ги испитаат овие случаи, вели Атанасов.