Ниски температури наутро, сончеви периоди преку ден, на планините и снег

Променливо облачно со сочеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.