Нискиот водостој на Рајна би можело да ја загрози индустријата

(Photo by Ying Tang/NurPhoto)

Челниците на германската индустрија прогласија аларм поради падот на водостојот кој влијае врз комерцијалниот бродски транспорт на реката Рајна, предупредувајќи на можно затворање на погоните.

„Само прашање на времето е кога фабриките за хемиската или челичарничката индустрија ќе мора да затворат, минералмнни масла и градежните материјали повеќе нема да стасуваат на одредиштата, а транспортот на големиот и тешкиот товар повеќе нема да биде можен“, изјави Холгер Лоеш, претставник на здружението на германската индустрија BDI.

Последиците, како што оцени Лоеш во вторникот, би биле тесни грла во снабдувањето, намалувањето или гаснењето на производството и присилни годишни одмори на вработените.

Префрлувањето на транспортот на индустриските стоки од речниот на патниот и железничкиот сообраќај би создало само нови проблеми, имајќи предвид дека железничката мрежа не функционира добро и бидејќи нема доволно возачи на камиони, појаснува претставникот на BDI.

Водостојот на реката Рајна дополнително се намалил во вторникот на една од референтните мерни точки во близина на германско-холандската граница. Мерните податоци во градот Емерих покажале пад на водостојот за четири сантиметри во однос на понеделникот утрото.

Длабочината на каналот лај Емерих изнесувала тогаш сѐ уште речиси два метра, што е доволно за комерцијален бродски транспорт. Но, скиперите мора внимателно да го проверуваат количеството на товарот за газот да не биде доволно предлабоко и како бродот не би се заглавил во речното корито.

Управата за речен и поморски сообраќај, донекаде, ги примири компаниите, прогнозирајќи во вторникот дека водостојот на Рајна следните денови ќе порасне, прво во горниот тек. Но, олеснувањето ќе биде кусотрајно, бидејќи потоа водостојот повторно би требало да падне, напомнува агенцијата DPA.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.