Нистелрој: Роналдо плус пет е еднакво на Меси

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој даде прилично изненадувачка изјава, велејќи дека Меси е збир на пет најдобри играчи, меѓу кои и Кристијано Роналдо.

– Ако ги соберете Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Садио Мане, Андрес Иниеста, Еден Азар и Мохамед Салах, ќе го добиете Меси, рече Холанѓанецот по номинациите за „Златната топка“.

Според него, никој дури и не му се приближува како фудбалер.

– Кристијано е во состојба да постигнува голови, Иниеста е исклучително паметен, а Салах, Мане, Еден Азар и Мбапе се одлични фудбалери, но Меси има се во едно. Нема друг играч на толку високо ниво – навистина изгледа како да е изваден од Плејстејшн, додаде Нистелрој.