Ништо од владината реконструкција денеска, предлогот во Собрание во недела

91

Иако речиси беше извесно дека во текот на денешниот ден премиерот Зоран Заев ќќе го испрати предлогот за новиот владин кабинет сепак се одлучи за уште едно одложување. Недела попладне е новиот термин што го најави Заев за доставување на списокот со нови министри до пратениците.

Вели сите детали се веќе договорени, но поради важен меѓународен настан чијшто домаќин е Македонија владината реконструкција е одложена за в недела.

Премиерот одби да открие детали за тоа кој министер би си заминал од Илинденска, којостанува или пак кои со кои имиња ќе се освежува владиниот кабинет.

По доставувањето на предлогот до Собрание, според информации од парламентот, седницата за избор на новите владини функционери би се одржала в среда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.