Ниту Енвер од Зајас не гласал за Пендаровски

Легендарниот Енвер од Зајас, со кого претседателскиот кандидат на СДСМ разговараше по телефон непосредно по почетокот на кампањата, не гласал за Пендаровски во првиот круг од претседателските избори.

Имено, Пендаровски освои нула гласови во селото Зајас, а иронијата да биде уште поголема, сите останати тројца кандидати, Ѓорге Иванов, Зоран Поповски и Илјаз Халими, имаат добиено гласови. Ова покажува дека гласот на Пендаровски не го дал човекот со кој кандидатот на СДСМ закажа кафе-маубет.

Телефонскиот разговор на Стево Пендаровски со извесниот Енвер од Зајас, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Можеше да се прочитаат најразлични коментари и негодувања, па се до претпоставки дека Стево всушност разговара со Дамјан Манчевски кој е во соседната канцеларија.

После ова, останува да видиме дали Стево ќе го удостои Енвер со кафе, како што му закажа на видеото?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.