Ниту нарачаните анкети на Заев не му одат во прилог – нова чудна анкета излезе во јавност

По трите испитувања на јавното мнение објавени минатиот период во кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има солидно и стабилно водство, пред неколку дена во медиумите беше најавено дека поради ова предизвикана е нервоза кај Заран Заев, и неговата СДСМ наскоро ќе излезе со анкета во своја полза.

Во средата беа објавени резултатите од анкетата спроведена поради вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 12-ти април, од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). Станува збор за третиот и последен дел од истражувањето кои се однесуваат на довербата на граѓаните во политичарите и партиите, односно нивниот рејтинг.

Во ова истражување најголем број испитаници (41,3%) рекле дека немаат доверба во ниту еден политичар, a 8,5% одбиле да одговорат на ова прашање или одговориле со „не знам“, со што речиси половина (49,8%) од граѓаните искажуваат целосна недоверба кон актуелната политичка елита. Другата половина од граѓаните, најголема доверба има во Зоран Заев (16,5%) и Христијан Мицкоски (14,2%). По нив следуваат, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,9% и претседателот на државата Стево Пендаровски со 4,2%.

Речиси и да нема разлика меѓу рејтингот на двете најголеми политички партии во државата, односно таа е во маргините на статистичката грешка. Актуелната партија на власт, СДСМ (22,1%) има незначително водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ (20,4). Рејтингот на ДУИ, пак, е 6,6%.

Вкупните резултати од оваа анкета со прашањето „доколку утре се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале?“, се СДСМ 22,1, ВМРО-ДПМНЕ 20,4, ДУИ 6,6, Алијанса на Албанците 2,6, Левица 1,7, БЕСА 1,5, Алтернатива 0,8, ДПА 0,9 отсто.

За друга партија ќе гласааат 2,0; Ќе го поништам ливчето 2,8; Нема да излезам на гласање 12,6; Одбива да одговори 12,2 ;и Не знам 13,8 отсто, се другите резултати.

Особено се интересни податоците, ако се има предвид „благото“ водство на владејачката СДСМ, во однос на впечатокот на избирачите за владата предводена од социјалдемократите.

Имено, мнозинство од испитаниците одговориле дека сегашната Влада не ги исполнила нивните очекувања – 64,5%, а 53,9% сметаат дека не заслужува да биде реизбрана во април. Но, нешто повеќе, 58,7% од испитаниците сметаат дека ни опозициската партија не заслужува да ја води следната Влада.

Податоците за оваа анкета биле прибирани со теренска анкета, во периодот од 15-ти ноември до 1-ви декември 2019 година, на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, а ја спровела агенцијата М-проспект.

Многу логички се наметнува прашањето за тајмингот на пласирањето на ова истражување, односно дури 25 дена откако е спроведена.

Покрај тоа, интересно е да се споредат резултатите од анкетата објавена во јуни, исто така спроведена од М-проспект. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ имала 2 процентни поени предност – 25% во однос на 23,1% за СДСМ. Тоа, споредено со сегашените показатели значи дека опозициската партија загубила речиси три процентни поена, или дека граѓаните се задоволни од управувањето на актуелната Влада е оти состојбите во македонското општество се добри.

А, во меѓувреме, за потсетување, од јуни досега јавноста беше бранувана со дузина скандали и афери, како случајот за рекетирање и корупција „Рекет“, „Рекет 2“, „Вирус“, „Инсулин“.

Истовремено со тоа се случи и гафот на премеирот Заев кој поверува дека телефонски разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кога челникот на СДСМ нудеше мито за патријархот Вартоломеј…

А, на меѓународен план не се оствари силно најавуваното добивање датум за почнување преговори со ЕУ. Уште еден силен удар на Владата на СДСМ им зададе и препораката на Венецијанската комисија во однос на Законот за јазици, која всушност го разобличи голото политиканство на Заев со цел да се остане на власт со носење закони кои немаат никаква врска со регулатувата во Европската унија.

И бидејќи сево ова наброено се случи во периодот од јуни до декември, се поставува прашањето дали тоа укажива дека денеска објавената анкета е штелувана, како што веќе беше најавено во медумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.