Нива со марихуана откриена на Блаце

57

Вчера патрола од Полициската станица за Граничен надзор-Блаце, на место викано .„Железнички мост“, пронашла 260 стебла канабис.

Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце, увидна екипа од СВР Скопје и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Претходно на 19.овој месец полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје како и полициски службеници од Полициската станица за граничен
надзор „Блаце“ во атарот на с.Блаце кај место викано „Вражји вир“ пронајдоа 180 стебла од канабис, како и опрема за одгледување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.