Низ тунел избегаа 91 затвореник во Бразил

220

Група од 91 затвореник побегнала од затворот Парнамирим во североисточната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Норде, преку тунел долг трисеттина метри, објави државната агенција Brasil ноќта кон петокот.

Девет од бегалците полицијата веќе успеала да ги уапси, а локалните власти распоредија голем број полицајци во потерата по другите 82 затворенци кои уште се во бегство.

Во истата сојузна држава со јануари година се случи уште едно масовни бегство на затвореници од затворот Алкашуз, кога побегнаа 56 осуденици по крвавиот бунт и суридите меѓу спротиставените криминални групи во кои загинаа 26 луѓе.

Податоците на бразилското правосудство покажуваат дека капацитетот на затворот Парнамирим бил далеку надминат, бидејќи е предвиден за 382 осуденици, а во него имало 589 затвореници.

Беспоштедната војна меѓу бандите на наркокартелите од почетокот на годинава доведе до бран насилства во пренатрупаните и запуштени затвори на Бразил, во прв ред во северните подрачја кои граничат со Перу и Колумбија од каде што пристигнува кокаинот.

Со околу 622.000 затвореници, според официјалните последни податоци на министерството за правда од крајот на 2014 година, Бразил ја има четвртата најголема затвореничка популација во светот по САД, Кина и Русија. На национално ниво, пак, пополнетоста на затворите изнесува 167 отсто, а затвориските услови се крајно нездрави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.