Низа физички напади синоќа во Скопје

Во текот на изминатата ноќ кон неделата во скопската полиција се пријавени најмалку четири случаи на физички напади, главно во централното градско подрачје, во кои се повредени неколку лиц

Синоќа во околу 22:30 часот во Полициска станица Центар деветнаесетгодишна девојка од Скопје пријавила дека околу половина час претходно на булеварот „Партизански одреди” во близина на раскрсницата со булевар „ВМРО” од страна на непознато лице физички била нападната. Причина за нападот е недоразбирање во сообраќајот.

Два часа претходно, околу 20,30 часот во Скопје на патот меѓу село Брњарци и село Арачиново, додека 44-годишен таксист од Скопје, со физичка закана од три лица кои ги превезувал како патници, му биле одземени мобилен телефон и 500 денари.

Рано попладнето 35-годишен жител на Скопје, во полициската станица Бит пазар пријавил дека околу 14,50 часот на улицата „376” бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица.

Малку пред полноќ било пријавено дека околу 23:40 часот пред ноќен клуб на улица „Димитрије Чуповски“ тројца осуманеседгодишници и уште две 17-годишни лица, биле физички нападнати од група машки лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.