Американскиот гуру Кит Раниер поротата на сојузниот суд во Бруклин во средата го прогласи виновен по сите точки од обвинението поврзани со неговата група којашто му овоможувала да има харем од сексуални робинки.
Педесет и осумгодишниот Кит Раниер обвиненитето го товареп за сексуална трговија, изнуда, злосторничко здружувањ, закана и влијание врз малолетничка.
Овие практики се сокривале зад организацијата „Нексиум“ (Nxivm), основана 2003 година, чијашто задача официјално била организирање курсевио за личен упсех. Долгогоскиот харизматичен водач од самиот почеток имал потесен круг од 15 до 20 жени, кои биле под неговото влијание и со коишто имал сексуални односи кога ќе посакал. Меѓу нив имало и петнаесетгодишно девојче.
Во текот на судењето коешто траеше шест седмици. Обвинителството ги прикаќа Раниер како манипулатор кој користеч познати психолошки средства за своите робинки да ги држи покорбни. Авангарда, како што го нарекувале, секогаш тврдел дека сексуалните односи со членките на сектата биле договорни.
Судот подигна и обвинение против вкупно шест лица, но петмината сообвинети со Раниер ја признаа вината за да го избегнат судскиот процес.