Њујоршкиот градоначалник објави канидатура за претседателските избори во 2020-та

Градоначланикот на Њујорк од редовите на Демократската партија, Бил де Блазио, објави во четвртокот во видео поставено на YouTube својата кандидатура за американските претседателски избори во 2020 година.

Во триминутното виде 58-годишниот Бил де Блазио ги величи политикоте кои од 2014 година во најголемиот американски град во полза нна „семејствата кои работат“ и истакнув дека е „подготвен да го предизвика“ Доналд Трамп, исто така, жител на Њујорк.

Бил де Блазио е новиот на списокот од повеќе од 20 кандидати кои најавија борба за претседателската номинација на Демократската партија во 2020 година.

Резултатите од досегашните анкети не му одат во прилог, а њујоршките медиуми преземаа сѐ за да го одвратат од кандидатурат, но нивните напори останаа попусти. Избран е во 2013 година со ветување дека ќе ги намали нееднаквостите, откако 12 години на должноста градоначалник беше милијардер Мајкл Блумберг. Де Блазио е еден од кандидатите кои се блиски на многу лево ориентираните ставови Берни Сандерс.

„Во светот има многу пари, во оваа земја има многу пари, само во погрешни работи“, рече во водиото во фразата којашто често ја повторува во Њујорк. Во четвртокот де Блазио ќе даде интервјуто во утринска телевизиска емисија, а во петок патува во сојузната држава Ајова, една од клучните држави за демократските предизбори.