НЛБ Банка ќе започне со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите почнувајќи од 29-ти ноември (вторник).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 29-ти ноември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Креиран е распоред за исплата на пензиите согласно висината на пензијата со следните датуми:

  • До 11.000 денари 29.11 (вторник)
  • 11.001-14.000 денари 30.11 (среда)
  • 14.001-18.000 денари 01.12 (четврток)
  • Над 18.001 денари 02.12 (петок)

Ве замолуваме да ги почитувате препораките и да одржувате растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.