НЛБ Банка известува дека од кога ќе почне со исплатата на пензиите

НЛБ Банка известува дека ќе ги исплати пензиите на 31.10.2022 (понеделник).

Од банката велат дека целта е да се излезе во пресрет на потребите на клиентите – пензионери.

-Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 31.10.2022 пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед – информираат од НЛБ Банка.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 31 октомври до 3 ноември , и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

31 – ви октомври  (понеделник) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари

01 – ви ноември (вторник) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари

02 – ри ноември (среда) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари

03 – ти ноември (четврток) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари, известуваат од НЛБ Банка.