НЛБ Банка наплати два милиона евра за ланскиот грабеж

Минатиот месец НЛБ Банка од осигурителната компанија наплати 80 отсто од штетата направена со кражбата во април 2017 година.

„Преостанатиот дел од штетата, во износ од 35.241.000 денари, банката го евидентираше како трошок во билансот на успех заклучно со 31 декември 2017 година на позицијата останати расходи од дејноста“, соопшти банката.

Лани во април вработен во банката и уште неколку вработени украдоа околу три милиони евра од банкарскиот трезор. Тие беа обвинети и осудени на вкупна казна од 20 години затвор, но парите никогаш не ги вратија.