НЛБ банка објави кога ќе започне со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

НЛБ Банка на 05.09.2022 година (понеделник) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите,
од 05 – ти септември, во текот на денот , клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

  • 5 – ти септември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 6 – ти септември (вторник) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​

Ве замолуваме да ги почитувате препораките и да одржувате растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.