НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 30-ти јуни

НЛБ Банка во периодот до 30.6.2020 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката нуди кредитни продукти со пониски каматни стапки и поповолни услови, при што НЛБ Потрошувачкиот кредит е со 35 месеци фиксна каматна стапка, додека НЛБ Станбен кредит се нуди со 35 години рок на отплата.

Воедно, клиентите можат да аплицираат за кредит согласно потребите и да ги искористат промотивните поволности, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка до 30.6.2020 година.

Подолгиот периодот на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, рокот на отплата до 35 години кај станбениот кредит, нуди можност клиентите да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити. Клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк.
Повеќе информации може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.