НЛБ Тутунска банка со 23,5 отсто пораст на добивката: Менаџментот ги истакна очекувањата за претстојниот период

Во првото полугодие од 2022 годинина, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.395.014 илјади МКД, што претставува зголемување за 23,5% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година.

Во претстојниот период се очекува да се одржи макроекономската стабилност на државата, при неизвесен деловен амбиент за реалниот сектор поврзан со 3 нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци.

НЛБ Банка АД Скопје и понатаму делува во насока на поддршка на приватниот сектор во земјата со што има значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата.

Така и понатаму во фокусот на работењето на НЛБ Банка АД Скопје ќе бидат дигитализацијата и зголемувањето на дигиталната пенетрација на клиентите, поддршката на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот, како и при продажбата на различни банкарски производи, проширување на палетата на производи и услуги и зголемување на квалитетот на услугите со што се очекуваат уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето на Банката.

Банката во континуитет обезбедува поддршка на стопанството преку проширување на понудата за стартап – компаниите, учество во раните фази од процесот на создавање на стартап-компаниите, како и нивна дигитализација.

Дополнително препознавајќи ги ризиците од климатските промени, Банката зазеде проактивен став преку дадениот акцент на „зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина.