Ноќната забава во Вухан: Никој не носи маска, како короната да не постои

Дојде до опуштање во Кина, поточно Вухан. Местото каде пандемијата отпочна нема нови локални случаи, па ноќните клубови во Вухан се преполни, пишува Д Сан.

Како што може да се забележи, загриженоста поради корона вирусот очигледно поминала. Се изгледа како пред некој да чуе за корона.

Изгледа дека градот во кој првиот случај на корона е забележан минатиот декември, скоро се врaти во нормален живот, додека вирuсот се уште жари по остатокот на светот.

Во Вухан од мај нема забележано случаи на локална трансмисија. Дури 33 дена по ред во Кина не се забележани нови случаи на зараза, но имало 14 увезени случаи минатиот петок.